ЗНАМ: Градоначалникот на Центар, Герасимовски да одговори каде отидоа парите за Работнички

Од:

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на денешната прес конференција потенцира дека недомаќинскиот однос на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски го доведе кошаркарскиот клуб „Работнички“ во незавидна ситуација.

„Долговите се големи, „Работнички“ има дури шест БАТ-процеси што се водат против „центарци“.

Фактот дека управата и градоначалникот Герасимовски не успеваат да најдат начин за исплата на средствата пред стартот на сезоната, говори дека чистењето на финансискиот хаос во клубот е невозможна мисија.

Прашање е дали „центарци“ ќе успеат да ги решат овие спорови пред БАТ-судот на арбитража на ФИБА“ рече портпаролот на Движењето, Никола Мемов. Тој го запраша градоначалникот Герасимовски дали Центар полека ја губи
својата гордост Кошаркарскиот клуб „Работнички“.

„На што се должат овие долгови на клубот и зошто Герасимовски го дозволи тоа?
-Дали Работнички ќе мора да настапи со преполовена екипа во следната сезона и да игра со играчи од младинските категории?
-Колку пари се двојат од буџетот на општина Центар?
-Каде се потрошени издвоените пари за „Работнички“.
Мемов нагласи и дека реконструкцијата на салата на „Работничи“ е во застој и запраша дали причината е поради тоа што Герасимовски им должи на изведувачите.

„Работнички“ мора повторно да застане на здрави нозе, салата да биде завршена и претворена во модерен спортски центар, каде што младите од Центар ќе сонуваат за титули. Клубот да има стабилно финансирање и транспарентно работење со јасна стратегија и одговорно управување.

Мемов нагласи дека клубот „Работнички“ и City Park Boys се традиција со безброј освоени титули, радост, емоција, живот и светилник на Центар и Македонија кој мора да продолжи да свети во полн сјај.

„Однесувањето на градоначалникот Герасимовски е недомакинско. Никој не смее да си игра со достоинството на „Работнички“ и на Центар. Храмот на спортот ќе биде изграден со помош на општествено одговорни компании кои го сакаат „Работнички“ и спортот. Имаме визија и план во кој ќе се вклучат истакнати поранешни и сегашни спортски работници и ентузијасти, вљубеници во кошарката и ќе придонесат најтрофејниот клуб на Центар да се издигне повторно на пиедесталот, каде што му е местото“, рече на денешната прес конференција портпаролот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Никола Мемов.

Би можело да ве интересира

Повторени избори за градоначалник денеска во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

До 19 часот гласаa 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Горан Наумовски

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Болните и затворениците гласаат денеска пред утрешните повторени избори во четири општини

ЗНАМ: Бегањето од лидерска средба е признание за политичка слабост и страв од граѓаните

А1он