Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски се фали по медиуми, дека двојно ќе го зголеми буџетот за култура што Општината ќе го доделува идната година. Па ајде да видиме како стојат работите, се вели во соопштението од Движење ЗНАМ.
„За 2025 година Општина Центар одвоила 3,6 милиони денари. Конкурсот е распишан на 3 март, на сите заинтересирани дадена им е шанса да се пријават во рок од 5 дена од денот на објавувањето на конкурсот на веб страната на Општината. Не знаеме дали е објавена во Службен весник, ниту во дневните весници – за да се запознае пошироко јавноста, особено оние
што имале намера да аплицираат.
Добитниците се објавени на 24 април – до нас стигнаа поплаки за непотистичко – фамилијарни доделувања на средства или, пак финансирање на проекти за кои и по повеќекратно пребарување на Интернет, не можеме да дознаеме ништо повеќе , освен дека се добитници на средства од програмата за Култура на Центар за оваа година?
Прашуваме – дали е точно дека финансирате проекти на апликанти кои се во блиски роднини врски – да речеме брат и сестра, дали доделувате средства поголеми од девет илјади евра за еден проект и колку од проектите што добиле пари од Центар се реализирани?
Ако за 2026 Герасимовски предвидува двојно повеќе – тогаш тоа се 7,2 милиони денари што сигурно има намера да ги доделува на ваков сличен протекционистички начин.
За негова жал, а за среќа на граѓаните на Центар нема да може да го прави. В недела – на 19 октомври центарци ќе изберат промени.
Со Културата не смее да се прави пазар, уметниците и уметноста се важен дел од тоа што е Центар. Уметноста заслужува достоинство не пазарење. Уметниците треба да се слободни и поддржани да творат а не да се со години разочарани, велат од ЗНАМ.