ЗНАМ: Филков е симбол на тоа каков треба да биде еден јавен функционер

Од:

СДСМ, партијата која ја претвори државата во партиска играчка и го урниса правосудството на најниско ниво, последна има право да зборува за етика, интегритет и судир на интереси. Наместо да одговараат за своите афери и за годините на корупција, тие денес држат лажни морални лекции за министерот за правда Игор Филков. Ова е очаен обид на политички банкротирана партија која измислува „скандали“ таму каде што ги нема. Да го наречеш академскиот развој и вложувањето во знаење – „злоупотреба“, е исто толку апсурдно колку што беше нивното владеење кое ја остави Македонија без правда и без доверба во институциите, велат од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.

Во партиската реакција се вели:

Да бидеме јасни: магистерскиот труд на министерот Филков не претставува судир на интереси, туку е доказ за посветеност, за професионализам и за волја да се надградува знаењето во сферата во која што дава најголем придонес и во која делува.

СДСМ зборува за „кражба на труд“, а токму тие со години ги крадеа институциите и иднината на повеќе генерации. Тие зборуваат за „етика“, а токму нивните министри беа симбол на корупција, непотизам и непрофесионалност. Токму за нивните професорски кадри се множеа кривични пријави, а за некои немаме ни разрешница. Тие зборуваат за „интегритет“, а целиот народ гледаше како со години ја злоупотребуваа државата за лични и партиски интереси.

Движење ЗНАМ за Наша Македонија стои цврсто зад министерот Игор Филков. Филков е симбол на тоа каков треба да биде еден јавен функционер – образован, професионален и подготвен да ја користи науката за доброто на државата. Она што СДСМ го нарекува „скандал“ е всушност пример кој треба да се следи. Граѓаните одамна ја препознаа ароганцијата и лицемерието на СДСМ. Ние, како Движење ЗНАМ за Наша Македонија, се залагаме за знаење како темел на секоја реформа, за интегритет како услов за вистинска правда и за работа во интерес на сите граѓани на Македонија.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста