ЗНАМ: Апасиев, „револуционер“ на фејсбук статуси, а во реалност евтин шибицар, денес држи лекции за правда

Од:

Средствата за рекламирање за претстојните локални избори се распределени по упатството на АВМУ и насоките на ДИК. Се е транспарентно, по јасни правила и закони, а не по желби и апетити на алчни политичари. Точка. Нема простор за плачење и театар, велат од Движењето ЗНАМ.

„Апасиев, „револуционер“ на фејсбук статуси, а во реалност евтин шибицар, денес држи лекции за правда. Човек кој до вчера беше советниче со дебел хонорар во СЈО – институција чиј начин на работа создаде серија сомнежи и контроверзии, а денес својата партија ја третира како личен банкомат, како личен џеб, по принципот кога сакам – вадам, кога сакам – трошам.

Му порачуваме: Димитар Апасиев, пред да држиш лекции за правда, заврзи си го џебот – таму ти е единствената „револуција“, во парите што ги вадиш за себе и за дружината околу тебе.

Оди кај Венко Филипче, човекот со златна виза подготвен за бегство од државата и мераклија за јахти по Медитеранот. Ти и тој сте совршен тандем, еден краде од здравството, друг краде од
сопствената партија. И двајцата на крајот ќе завршите на поклон и баци рака кај вашиот газда Али Ахмети, таму каде што секогаш завршуваат продадените души. Народот гледа. И знае, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Бегањето од лидерска средба е признание за политичка слабост и страв од граѓаните

А1он

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски