Златната рипка одбра кој ќе биде градоначалник на Охрид

Од:

Охридското Супер радио денеска напладне организираше „избор“ на градоначалник на Охрид.

Златната рипка Желба го одбра својот фаворит меѓу двајцата најсериозни кандидати за градоначалници на Охрид, кои според последните рејтинзи имаат најголеми шанси за да седнат во првата фотелја на градот под Самоиловите тврдини.

Според законските регулативи, нема да ги објавувиме резултатите, а тоа ќе го сториме во недела после 19:00 часот, вели главниот и одговорен уредник на Супер радио Сашо Митаноски.

Според Митаноски, Желба имала поголемо помнење од останатите златни рипки, кои нели помнеле само две-три секунди.

Нашата Желба ќе ги помни долго и сите ветувања кои ги дадоа кандидатите за време на кампањата и ние редовно ќе го потсетуваме новиот градоначалник на истите, истакна Митаноски кој додаде дека рипката Желба и посебно дизајниораниот аквариум за оваа намена по изборите ќе бидат подарок од Супер радио за новиот градоначалник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија