Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Од:

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците и патиштата во зимски услови за сезоната 2021-2022 година во вредност од половина милијарда денари (8 милиони евра) покажува истражувањето и базата на податоци на договорите на државните институции со приватни фирми за зимско одржување на улиците и патиштата за сезоната 2021-22.

Според анализата на Центарот за граѓански комуникации како и претходните години, така и оваа, најмногу пари за оваа намена ќе потроши Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – 317 милиони денари, односно 5,2 милиони евра што е 65 % од вредноста на вкупните договори за зимско одржување во земјава.

Градот Скопје и уште девет други скопски општини сезонава за зимско чистење на улиците и за сол заедно ќе потрошат околу 1,4 милиони евра.

Од другите општини, најмногу пари за зимско одржување планираат да потрошат Прилеп, Куманово и Струга. Прилеп – 195 илјади евра, Куманово 146 илјади евра и Струга 98 илјади евра.

Конкуренцијата на тендерите за зимско одржување е исклучително ниска, просечно по 1,7 понуди по тендер, а повеќе од половина од тендерите биле само со една понуда.

Од фирмите, според вредноста на договорите, на врвот е Димакс рудници од Демир Хисар со 7 милиони евра за две години или по 3,5 милиони евра на годишно ниво.

Вкупната сума на трошоци за зимско одржување ќе биде и поголема ако се има предвид дека за пет тендери сѐ уште не се објавени склучените договори и нивните износи.

Би можело да ве интересира

За пејачи и изведувачи општините трошат еден милион евра годишно

Катерина Ѓуровски

Реакција од Општина Гази Баба на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Два милиони евра годишно исплаќаат општините и министерствата за адвокатски услуги

Катерина Ѓуровски

Податоците за вистинските сопственици на фирмите во земјава не се користат во борбата против корупцијата

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години

Владата паднала од прво на 40. место според транспарентноста