Зимски услови на патиштата: магла на патот Тетово–Скопје, снег на Попова Шапка и на Пресека

Од:

Намалена видливост поради појава на магла до 100 мeтри утрово има на патниот правец Тетово – Скопје. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица), информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево поради обилни снежни врнежи

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски

Забрана за автобуси и камиони од Тетово кон Шапка, на патот Кичево -Гостивар наизменичен сообраќај

Катерина Ѓуровски