Зимската служба на Град Скопје се уште чисти снег од коловозите

Од:

Иако помина веќе еден месец од паѓањето на првиот снег и две недели од последниот пат кога снежеше во Скопје, зимската служба на Град Скопје се уште ги чисти коловозите и тротоарите низ Скопје.

„Екипите на зимската служба на Град Скопје продолжуваат со активностите за расчистување на снегот од коловозите и од тротоарите на градските улици и булевари.

Покрај расчистувањето на снегот, изминатиов период екипите на ЈП „Улици и патишта“ спроведуваа акција за санација на оштетениот коловоз на повеќе локации, каде се употребува ладна асфалтна маса. Изминативе неколку денови работеа на санација на уличните дупки на делови од бул. Партизански одреди и Христијан Тодоровски Карпош, како и на улиците Втора Македонска Бригада потег, Индира Ганди и Качанички пат.

Покрај санацијата на уличните дупки, екипите на ЈП „Улици и патишта“ вршеа и обиколки и контрола на семафоризираните крстосници, како и контрола на вертикална сигнализација“ стои во соопштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он