Зиков: Коалицијата за Позитивна Македонија водеше позитивна кампања

Од:

Лидерот на Алијансата за позитивна Македонија Љупчо Зиков на денешната прес-конференција искажа задоволство што Коалицијата за Позитивна Македонија водела позитивна кампања, во која не користеле говор на омраза, ниту пак го напаѓале политичкиот ривал.

– Одработивме една кампања во контекст на она што го кажавме на почетокот, а тоа е дека ќе биде позитивна и полна со енергија, со проекти за доброто на граѓаните. Дефинираме и каде лежи одговорноста за се што се случува во Македонија во целиот овој период од 23 години. Успеавме да ја раскажеме нашата приказна во 20 дена кампања и да допреме до многу луѓе, до многу совесни и позитивни граѓани. Направивме преку 700 настани, поминавме многу илјади километри и буквално влеговме во секој македонски град, па и село, се качивме на секој важен македонски камен. Од таму, ги пративме нашите пораки, дека Македонија крајно време е да се сврти кон развојот, а македонските граѓани да се обединат не против некого туку меѓусебе за убави цели и за развој на Македонија, рече Зиков.

Според него, за жал, останале сами во оваа кампања заради тоа што единствено нивната Коалиција, која е составена од Алијансата за позитивна Македонија и Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија, зборувала за развој.

– Јас лично си сум горд на себе и своите соработници што во кампањата не спомнавме ниту еден политички опонент со име и презиме, не спомнавме ниту една личност и не ја поврзавме со ниту една афера. Ние не гледавме зад нас, ние гледавме во нашата блиска и далечна иднина. Денеска сме свесни и задоволни од нашата работа, рече Зиков и порача дека по изборите нема да ги затворат вратите на штабовите и ќе продолжат да ја раскажуваат „нивната приказна во пресрет на следните избори“.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември