Зијадин Села бара фирма која ќе урива се што е дивоградба покрај Дрим

Од:

Зијадин Села е решен да стави крај на хаосот кој во моментот владее во Струга. Новиот струшки градоначалник најави дека ќе бидат срушени и отстранети диво изградените и поставени објекти кои минатите години во Струга никнаа речиси на секој чекор. Струшката локална самоуправа распишала тендер за избор на фирма која ќе ги урива.

Ова за А1 го потврди и градоначалникот Села. Тој рече дека откако ќе биде одбрана фирмата која тоа ќе го прави на сопствениците на објектите ќе им биде даден рок од една недела сами да го остранат тоа што е вишок или да ги урнат бесправно поставените објекти. За почеток ќе се расчистува кејот на реката Црни Дрим

„Ќе биде расчистен Дримот од двете негови страни. Сопствениците кои имаат таму изградено објекти ќе бидат информирани истите да ги тргнат.Јас се уште немам поставено никакви рокови, бидејќи го чекаме изборот на фирмата која ќе урива и токму тоа ме спречува во моментот. Откако ќе имаме фирма уште истиот ден јас ќе ги информирам сите сопственици. Ако не ги тргнат објектите во рок од седум дена тогаш ќе ја информирам полицијата која ќе ги предупреди во рок од пет дена тоа да го направат. Ако и тогаш тоа не го направат на терен ќе делува оваа фирма за уривање“, рече Села за А1он.

Села рече дека откако ќе ги добие потребните информации за состојбата со плажите ќе биде одлучено како ќе се постапува со нив. На концесионерите нема да им се дозволи да наплаќаат за издавање на лежалки ова лето

„Она што ќе го правиме за почекот со плажите е нема да им дозволиме на концесионерите да наплаќаат за издавање лежалки на плажите бидејки тие се градски плажи. Постепено ќе ги гледаме и другите работи таму. Полека ќе ги отвориме сите теми. Не можеме, а и немаме капацитети да го отвориме како тема целиот град. Ќе расчистиме со сите нелегални објекти кои им ги одземаат јавните простории на граѓаните. Тука ќе нема компромис кон никого“, додава Села.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“