13 Ноември 2022 година, 78 години од Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор, нека ни е честит денот, почитувани скопјанки и скопјани, рече Јелена Жугиќ, претседател на Градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот настан по повод одбележување на 78 години од ослободувањето на Скопје под слоганот „Слободата не се подарува, се освојува.
Таа во текот на своето обраќање посочи дека градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се собра денес да оддаде признание и длабока почит на борците за слобода родум од Скопје и скопскиот регион.
-Градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се собра денес овде во паркот посветен на жената борец да оддаде признание и длабока почит на борците за слобода, родум од Скопје и скопскиот регион, на сите нив кои ги дадоа своите животи за ослободување на Скопје и за победа на народно ослободителната војска над фашизмот, кажа таа.