„Жолтото е зелено” – еколошка акција во Кичево

Од:

Во Кичево денеска се спроведува еколошката акција „Жолтото е зелено”. Освен граѓаните, во активностите за чистење на градот се вклучени и сите вработени во локалната самоуправа, како и јавното претпријатие „Комуналец“.

– Одлучивме општината со поддршка на Министреството за животната средина да организира еколошка акција во рамки на иницијативата „Ајде Македонија” со цел подигнување на јавната свест за зачувување на околината, изјави градоначалникот на Фатмир Дехари.

Кичево, додаде, се соочува со проблеми од еколошки аспект, но општината перманентно се труди градот да биде чист и уреден.

Со денешната акција се опфатени центарот на Кичево, булеварот „Ослобудување“ и улиците „Александер Македонски“ и „11 Септември“.

Би можело да ве интересира

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски