Жолт метео аларм, граѓаните да не излегуваат без потреба

Од:

Цела Македонија се наоѓа во жолта предупредувачка фаза заради новото невреме кое се најавува за попладневните часови. Метеоролозите очекуваат дожд, ветер, па дури и град на одредени места.

Од Центарот за управување со кризи ги предупредуваат граѓаните без поголема причина да не се изложуваат на опасности со излегување на отворен простор и да не управуваат со моторни возила ако се наближува невреме. Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните, без особена поголема причина, да не се изложуваат на опасности со престој на отворен простор, поради можни атмосферски електрични празнења.

Исто така, без посебна причина да не управуваат со моторните возила особено ако е забележливо можно невреме и пороен дожд, заради нивната сопствена безбедност.

„Им препорачуваме на населението во случај на итна потреба да ги користи телефонските броеви за итни повици 192-полиција, 193-Бригада за ПП заштита, 194-за потреба од итна медицинска помош и 195 – телефон за сите можни ризици и опасности во Центарот за управување со кризи“, соопштуваат од ЦУК.

Врз основа на добиената временска прогноза од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, и денеска подрачјето на Македонија се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса што ќе услови попладне на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со обилни врнежи, засилен ветер и појава на град.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје