Жителите на Тетово и Шипковица живеат во ѓубре и се возат на пат со мечки

Од:

Надоместот за штетите од поплавите, власта на Никола Груевски има обврска да им го исплати на жителите на Тетово и Шипковица, исто како што имаат обврска да ги обештетат граѓаните оштетни по сите други основи.

Тоа е должност на власта и за непочитување на законите се одговара!

Власта на Никола Груевски 10 годни не им ги реши основните проблеми на жителите од овој крај.

Нема ни трага од изградбата на регионалната депонија за цел Полошки регион којашто требаше да се заврши во 2013 година. Сметот во Тетово се трупа кај претоварната станица на јавното комунално претпријатие и создаде депонија на само десет метри од Жито Полог, местото каде се произведува леб за сите тетовчани.

Воопшто не е ниту почнато со реализација на проектот за чистење на коритото на Вардар кај општина Јегуновце, а според роковите и ветувањата досега требаше да биде завршен дел од тој проект.

Автопатот по којшто денеска се возеше Груевски со неговите луксузни автомобили е опасен по животот на луѓето, затоа што освен што не е обезбеден, по него се шетаат и мечки и други диви животни. За тоа време во современиот свет се градат соларни патишта што произведуваат енергија и подводни тунели коишто спојуваат континенти.

Со Груевски е готово.

Доаѓа домаќинска Влада, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски