Жителите на Табановце бараат дислокација на пречистителната станица

Од:

Дел од жителите на Табановце бараат од надлежните, од Министерството за труд и социјална политика да ја дислоцираат пречистителната станица изградена за потребите на Tранзитно-прифатниот центар за бегалци и мигранти од посточеката локација. Тие денеска изјавија дека бараат дислокација или станицата да се постави под земја.

Претседателот на месната заедница Табановце Тони Петровиќ појасни дека поднеле барање за дислокација на станицата на 27 јули годинава до МТСП и додаде оти досега не добиле одговор.

– Бараме дислокација на станицата или таа да се постави под земја, според првичниот проект. Сметаме дека ќе ни излезат во пресрет, ако не тогаш ќе преземеме други мерки, меѓу кои и протести, изјави Петровиќ.

Пречистелната станица, како што објаснија жителите, најмногу им пречи на десетината куќи сместени непосредно до станицата. Жителите од овој дел на Табановце истакнаа дека се шири непријатна миризба и побараа итна интервенција од надлежните. Објаснуваат дека поради кампот имале бројни инфраструктурни проблеми и оти наместо мештаните во кампот се вработуваат лица од други места.

Од МТСП соопштија дека подстаницата е изведена надземно поради подземни води. Ова решение, како што велат, го понудиле стручните лица и е поскапо бидејќи се вложени повеќе средства за поставената опрема. Нагласија дека решението за поставување на станицата ги зело предвид не само потребите на Транзитно-прифатниот центар, туку и потребите на локалното население. Објаснија дека по филтрирањето на водата, таа станува трета класа која може да се користи за наводнување на земјоделските површини.

Би можело да ве интересира

Викендов на „Табановце“ во земјава влегоа над 36.000 македонски државјани

А1он

На „Дојран“ и „Табановце“ чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Горан Наумовски

На граничните премини Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути

Гужва на „Табановце“, се чека околу 30 минути