Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Од:

По тензиите кои настанаа околу состојбата со уредувањето на земјиштето околу црквата Св. Петка во атарот на селото Галате, жителите синоќа одржаа состанок. Во известувањето тие посочуваат дека се оградуваат од настаните и ќе продолжат да комуницираат со општината и останатите институции за да се реши случајот.

По состанокот бил донесен заклучок кој треба да води во насока решавање во соработка со надлежните институции и во законска постапка. Тие сметаат дека единственото решение за надминување на проблемите кои настанаа со акцијата за уредување на дворот и земјиштето околу црквата Св. Петка, во месноста „топли извори“ во атарот на Галате.

– Населението од Галате се оградува од настанатата ситуација во врска со црквата Св. Петка. Во Галате и општина Врапчиште како месно население нема да дозволиме меѓуетнички тензии и верска омраза затоа што досега ниту имало нешто такво, ниту ќе има во иднина. Сите несогласувања и проблеми треба да се решаваат на мирен и законски начин, без поттикнување на омраза и тензии“, се наведува во кусата информација до јавноста.

Тие уште еднаш повикаа на смиреност и да не се шират невистини кои, како што велат, на ваков начин им штетат на соживотот и соработката со локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Мицкоски лаже сликите се јасни, еве ги активистите од настаните со црквата во Галате

Мицкоски за црквата во Галате: Повеќе нема тензии, очекувам проблемот да се реши час поскоро

Горан Наумовски

Градоначалникот на општина Врапчиште: Тензиите во Галате ги направи криминална група дојдена од надвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски