Жители на Општина Дебрца против изградба на асфалтна и бетонска база кај Ново Село

Од:

Жители на селото Песочан во Општина Дебрца најавија дека денеска ќе одржат мирен протест во Ново Село покрај магистралниот пат Охрид – Кичево, против изградбата на асфалтна и бетонска база на локалитетот „Царополе“ во атарот на Ново Село.

Во соопштението испратено до медиумите тие посочуваат дека со протестот ќе бараат од надлежните институции да преземат мерки за стопирање на изградбата на базите и заштита на животната средина. Истовремено предупредуваат дека доколку не им се излезе во пресрет, ќе преземат порадикални мерки, односно блокирање на сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Граѓани на селата што гравитираат во тој дел на Дебрца пред неколку месеци по неколку слични протести, испратија петиција до министерствата за животна средина и просторно планирање, транспорт и врски, како и до Агенцијата за државни патишта, предупредувајќи дека отпочнувањето со работа на базите и со испуштањето на нус-производите од производството на асфалт ќе доведе до трајно загадување на површинските и подземните води, до загадување на реката Сатеска, а со тоа и загадување на единствениот извор за наводнување на обработливите земјоделски површини.

„Реката Сатеска се влива во Охридското езеро кое што е заштитено од УНЕСКО, со што дополнително ќе се направи штета врз животинскиот и растителниот свет во езерото. Самата сепарација што се предвидува да се направи на сред обработливи земјоделски површини ќе му нанесе и огромни штети на целото поле кое што се простира помегу селата Ново Село, Ботун, Белчишта и Песочан. Мора да го споменеме и негативното влијанието на асфалтната и бетонската база врз квалитетот на воздухот и животинскиот и растителен свет кој што гравитира околу наведената локација“, беше истакнато во петицијата.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Дебрца во работна посета на Холандија

Ана Ололовска

Охрид и Дебрца со Мировен марш се вклучија во одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот

Ана Ололовска

Протест против изградба на регионална депонија во Дебрца, сообраќајот во прекин

Наум Локоски

Дебрчани в недела организираат голем протест против регионална депонија во селото Годивје

Ана Ололовска

Советот на Општина Дебрца не прифаќа депонија во селото Годивје

Наум Локоски

Општина Дебрца обезбеди средства од ИПА фондовите за реализација на два инфраструктурни проекти

Ана Ололовска