Жител од тетовско Пршовце со украдено возило предизвикал сообраќајка

Од:

Џ.У.(36) од тетовското село Пршовце вчера се здобил со тешки телесни повреди по сообраќајката што ја предизвикал додека управувал со украдено возило, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци Џ.У.најпрво ја искористил невнимателноста на А.И.(55) од истото село кој го оставил клучот во бравата од својот автомобил „Опел Вектра“, влегол внатре и веднаш го стартувал возилото по што се упатил кон Тетово.

На околу стотина метри пред влезот во селото Слатино на регионалниот пат Јажинце – Тетово, Џ.У. загубил контрола на возилото, излетал во патот и удрил во две пракирани возила комбе „Форд Транзит“ и „Голф“, сопственост на лица од Слатино. Од излетувањето и ударот тој задобил скршеница на десниот колк, други скршеници и повреди на екстремитетите и веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница од каде поради тежината на повредите бил упатен на скопските клиники.

По овластување на јавен обвинител увид на местото од сообраќајката извршила екипа на СВР Тетово и според првичните информации причина за несреќата била неприлагодената брзина со која Џ.У. го управувал возилото додека вкупната материјална штета се проценува на околу 200 илјади денари. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот. Според неофицијални информации од жителите на Пршовце Џ.У. подолго време се соочувал со психички проблеми.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари