Жител од Радолишта загина во сообраќајка во близина на селото

Од:

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 20:30 часот се случи на магистралниот пат Струга-Ќафасан во близина на селото Радолишта.

Од здобиените повреди, како што соопшти денеска СВР Охрид, на лице место почина Елван А. (69) од струшкото село Радолишта. Неговата смрт, на местото на настанот била констатирана од медицинска екипа од Општа болница во Струга.

– Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, по магистралниот пат во правец од Струга кон Ќафасан управувал патничко моторно возило „Пежо“ со струшки регистарски таблици. Во близина на крстосницата за селото Радолишта, поради неприлагодена брзина према условите и состојбите на патот, сега починатиот изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната страна од патот, излетал надвор од коловозот и удрил во дрво, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На местото на сообраќајната незгода, по овластување на јавен обвинител, увид извршиле полициски екипи од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај – Струга. По наредба на јавниот обвинител, патничкото возило „Пежо“ е подигнато за понатамошен технички преглед.

Ова е втора незгода со жртва за само едно деноноќие во струшко. Триесет и осум годишен жител на Струга завчера вечерта го загуби животот во сообраќајка на магистралниот пат Струга-Ќафасан во близина на селото Мали Влај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимката на страшниот судир во кој загина деветгодишно дете и родителите

Предраг Петровиќ

Пијан млад човек помина на црвено во Белград: Усмрти татко, мајка и дете

Камион удри во банкина на клучката „Хиподром“, возачот заврши во болница

Излета камион кај клучката Хиподром, во прекин е сообраќајот на патот Скопје-Куманово

Горан Наумовски

Најмалку еден загина, неколкумина се повредени во судар на автомобил и автобус во Србија

Горан Наумовски

Еден мртов, двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово-Кратово