Жител на Злетово починал откако голтнал прашкаста материја, при полициска проверка на граница

Од:

Синоќа во 19,15 часот на Граничен премин Делчево на влез во Република Македонија, со патничко моторно возило „Мини купер“ со бугарска национална ознака се пријавил Д.А.(32) од Злетово, кој го управувал возилото, а како совозач било 18 годишно лице од Пробиштип.

Извршен е преглед над лицата и на нивниот личен багаж, при што кај Д.А., била пронајденa кесичка со непозната прашкаста материја. Додека траела постапката спроведена од страна на царинските службеници во еден момент Д.А. ја земал кесата ја скинал најлонската фолија и непознатата материја ја голтнал.

Веднаш била повикана екипа на Итна медицинска помош и Д.А. бил префрлен во Здравствен дом Делчево, каде околу 22,00 часот починал. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско