Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на лични податоци“, и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.А.(30) од кичевското село Туин, информираа портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски
Тој, на 22 мај годинава во 20:24 часот, на социјалната мрежа „Фејсбук“, објавил фотографија на полициски службеник и навредувачки коментари со кои поттикнувал омраза кон полицијата, македонскиот народ и државата, објасни Димоски.
Исто така поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.З.(23) од кичевското село Стрелци, додаде Димоски.
При контрола извршена на осми јуни во 14:20 часот, полициските службеници констатирале дека пријавениот, кој допатувал од Република Словенија, не се наоѓа во неговиот дом во селото каде, согласно донесеното Решение од Државниот здравствен инспекторат, требало да биде на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена. Со тоа, пријавениот не ги почитувал препораките по издаденото решение согласно одлуката на владата, наменета за лица кои доаѓаат од странство, заврши Димоски.