Жител на Прилеп осомничен за обид за убиство на поранешната сопруга

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

– Постои основано сомнение дека тој на 20 јуни, при вршење семејно насилство, во куќа на улицата „Дабничка“ во Прилеп, со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата поранешна сопруга. Утрото на критичниот ден, тој дошол во куќата во која живеела оштетената, се качил во собата каде што спиела и најпрвин започнал да ја дави со рацете околу вратот и да ја удира со тупаници по главата и по телото. Во тој момент пристигнала нејзината мајка која се обидела да го оттргне, но осомничениот ја турнал. Од појасот извадил нож и на поранешната сопруга и нанел неколку убодни рани во телото и ногата. Потоа бил совладан од тројца соседи кои го изнеле од куќата и го спречиле да ја оствари намерата, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, оценувајќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и оштетените или да го реализира обиденото кривично дело. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се додава во соопштението на Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај