Жител на Кондово по телефон се заканувал дека ќе убие дете и татко

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи и Загрозување на сигурноста.

„Осомничениот 35-годишник, во неговиот дом во Кондово неовластено држел огнено оружје – полуавтоматски пиштол „CRVENA ZASTAVA Mod.70“ калибар 7,65 мм, со две рамки и муниција – 24 куршуми.

Во периодот од февруари до 07.04.2025 година, преку апликацијата „WhatsApp“ осомничениот во неколку наврати сериозно се заканувал дека ќе нападне врз животот или телото на оштетено дете и врз животот и телото на таткото на детето.

Со цел да се пофали дека поседува огнено оружје, осомничениот најпрво во февруари на телефонскиот број кој во тој временски период го користело детето, испратил видео клип на кој се гледа како пука со автоматска пушка додека бил на некоја свадба. Детето тоа видео го зачувало на телефонот.

На 07.04.2025 година, кога детето веќе користело друг телефонски број, осомничениот, преку апликацијата му се јавил и му упатил сериозни закани дека ќе го убие него и неговиот татко, доколку ја објави снимката со автоматската пушка.

По неколку часа повторно му се јавил на детето и на висок тон продолжил со заканите, предизвикувајќи чувство на несигурност и страв кај него.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е осомничен за убиство, со нож избодел познаник

МВР: Полицаец во станица му се заканувал на својот командир

Уапсен е кумановец кој допирал, па и се заканувал на 28-годишна жена

Во Пријепоље уапсен маж кој му се заканувал на Вучиќ

Горан Наумовски

37-годишник обвинет за убиство, со пиштол пукал во наводен должник

Маж од Арачиново со пиштол им се заканувал на вработени во ЕВН Македонија