Жител на гостиварско Форино пронајден мртов со рани нанесени од животни

Од:

Повозрасен жител на гостиварското село Форино бил пронајден мртов со рани нанесени од животни во близина на добиточната фарма во атарот на селото.

Од СВР Тетово информираат дека телото го пронашол неговиот син Р.Е. (48) вчера попладне во близина на штала која ја користел.

Според пријавата, Џ.Е. (83) бил паднат на земја и имал повеќе рани по телото, најверојатно нанесени од животни.

-Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, а по насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, наведуваат од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Осма жртва од западнонилска треска

Мртов маж е пронајден во автомобил на паркингот пред болницата во Куманово

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

Странец почина во џамија, обвинителството нареди обдукција

Авион принудно слета во Белград: Во тоалет е пронајден мртов патник