Жика Стојановски убеден во успех на изборите

Од:

Според реакциите на граѓаните, по многубројните активности и секојдневни средби со жителите на Општината, како и по вчерашниот голем народен митинг, уверени сме во успехот на изборите и во победата, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Илинден од ВМРО ДПМНЕ, Жика Стојановски на прес конференцијата организирана по повод привршувањето на кампањата за локалните избори, на која присуствуваа и кандидатите за советници во Советот на Општина Илинден од ВМРО ДПМНЕ.

Притоа, тој додаде дека е задоволен од сработеното во текот на кампањата која, според неговите зборови, протече во мирна атмосфера.

Она во што сум сигурен е дека ја имаме поддршката на граѓаните, поддршка што ни се потврдуваше со секој нов ден во текот на кампањата. Ја имаме поддршката за големиот број на проекти што ги нудиме во нашата Програма која се состои од 100 нови проекти, со чија реализација ќе го подобриме квалитетот на живеење во сите 12 населени места во Општина Илинден.

Убеден сум дека ја стекнавме довербата на граѓаните, која се базира пред се на досега сработеното во изминатите години, период кога реализиравме голем број капитални проекти, кои што денес се гордост на Општина Илинден, истакна Стојановски.

Тој ги повика жителите на Општина Илинден, во недела на 24 март, масовно да излезат на гласање и да изберат дела.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември