Жичарницата од утре ќе работи до 18 часот

Од:

Од утре, петок, први април, Жичарницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.

„Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичарницата се неработни денови.

После речиси двегодишна пауза поради мерките за заштита и превенција од Ковид 19, Жичарницата повторно се пушти во употреба на 30.12.2021 година“, информира ЈСП Скопје.

„Oд тогаш до денеска, продадени се вкупно 48.544 билети, а најголема посетеност е регистрирана во јануари, односно продадени се 23.598 билети.

Притоа, треба да се има предвид дека посетеноста е поголема од бројот на продадени билети со оглед на тоа дека превозот за деца до 6 години е бесплатен.

Согласно ковид протоколите, во кабина е дозволен превоз до четири лица и задолжително е носење на заштитна маска.
Повратен билет чини 100 денари, а на Жичарницата е дозволен и превоз на домашни миленичиња (куче, маче) за што на услуга се отстапуваат транспортери.

Ден пред Нова година повторно во функција се пуштија и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), кои за време на викенди и државни празници се бесплатни за сите граѓани“, се наведува во соопштението на ЈСП Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски