Жестока расправа на денешната седница на Советот на Општина Охрид

Од:

Почетокот на денешната седница на Советот на Општина Охрид беше означен со жестока расправа на опозицијата и власта. Имено, при почетокот на седницата, претседателката Гордана Коњановска прочита соопштение од в.д. директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, во кое таа бараше советникот Дејан Блажески јавно да и се извини за расправиите во Комисијата за финансии. На ова, советникот од Либерално – демократската партија, Дејан Блажески бурно реагираше и посочи дека претседателот на советот нема ингеренции да бара такво јавно извинување.

Опозицијата побара прекин на седницата и побара да се изјасни Статутарно – правната комисија околу тоа дали претседателот на советот има право да бара извинување. По седницата на Комисијата, продолжи седницата на Советот каде, Комисијата посочи дека претседателот на советот нема право да бара извинување на член на советот кон друго лице

Статутарно – правната комисија заседаваше во присуство на четворица членови: Виолета Мицкоска, Љубомир Чаулев, Љупчо Настоски и Дејан Блажески. Комисијата едногласно закучи дека по ниту еден член од Статутот на Општина Охрид и Деловникот за работа на Советот на Општина Охрид, претседателот на совет нема право да бара јавно извинување од член на совет кон друго лице – рече советничката Мицкоска, која е член на Статутарно – правната комисија.

По изјаснувањето на Комисијата, опозицијата побара од претседателката на Советот јавно да му се извини на советникот Блажески затоа што неоправдано и неосновано бил нападнат, на што таа се спротивстави посочувајќи дека само прочитала соопштение од директорката на ЈП „Охридски Комуналец“.

Советникот Блажески посочи дека денеска, како и многу пати до сега, биле прекршени Статутот на Општина Охрид и Деловникот за работа на Советот на Општина Охрид и недозволиво е да се лаже јавноста со лиферувани текстови.

blazevski

Денес медиумите беа сведоци како уште еднаш се прекрши Деловникот на Советот на Општина Охрид. Овој пат победи правдата, а Статутарно – правната комисија кажа дека по ниту еден член по Статутот и по Деловникот, претседателот нема право да бара извинување на член на совет кон друго лице. Со самото тоа сакам уште еднаш да потврдам дека недозволиво е да се продолжи да се спинува и да се лиферуваат лажни текстови во јавноста. Како потврда на ова што го зборувам дека ниту еден претставник на јавните претпријатија не беше навреден се записниците кои ќе ги доставиме откако ќе ги добиеме – рече Блажески.

Блажески упати критика до одредени непрофесионални медиуми кои пишувале измислици за некакви навреди од негова страна.

Оние медиуми кои што пишуваат дека имало лични навреди од моја страна, повторно им простувам затоа што јас се борам за слободата на медиумите и ќе ги остава да пишуваат така. Во име на слободната мисла, иако злонамерни и тенденциозни, повторно нема да посегнам по правни инструменти затоа што сум еден од оние вистински борци за слободата на медиумите – рече Блажески.

По целата таа расправа, седницата продолжи со останатите точки на дневен ред на која се разгледуваа извештаите на јавните претпријатија, како и на основните и средните училишта.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски