Жешкото време продолжува: Македонија под удар на температури до 40 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според прогнозата на УХМР, топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови, при што дневната температура на одделни места ќе надмине 40 степени.

Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Црн биланс од летните горештини: Речиси 3.000 дополнителни смртни случаи во Белгија

Сончево и топло и во наредните денови

Денеска сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд

Горан Наумовски