Жерновски: Груевски како монарх, а соработниците како дел од кралското семејство

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски потсетува на гласањето на локалните избори во Центар во 2013 година, 35-те прииговори од ВМРО-ДПМНЕ и прегласувањето во три изборни круга.

Еве што напиша Жерновски:

На локалните избори во 2013 година, ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар поднесе вкупно 35 приговори, од кои 29 беа прифатени од страна на нивниот ДИК. Да биде појасно, тоа се 29 од вкупно 66 избирачки места, што значи дека речиси половина од сите избирачи беа принудени да прегласуваат, само поради фрустрациите на владејачката партија.

Денеска, иста власт-друга песна, но со веќе добро познатото лицемерие. ВМРО-ДПМНЕ смета дека било скандалозно тоа што се усвоил еден приговор и се отворила можност за прегласување на едно изборно место во Гостивар. Ако има нешто што оваа власт го згази до корен, тоа се правдата, праведноста и еднаквоста.

Груевски буквално се однесува како монарх, а неговите соработници како дел од кралското семејство.

Колку само гнев создава овој човек. Граѓаните со кои разговарам, едвај ги задржуваат грубите зборови, иритирани од неправдата која секој ден им се сервира.

Затоа, ова самоволие никогаш повеќе не смее да се повтори.
Никогаш повеќе !!!

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“