Жерновски ветува проекти за енергетска ефикасност во Општина Центар

Од:

Kандидатот за градоначалник на општина Центар од опозицискиот „Сојуз за иднината“ Андреj Жерновски денеска ги претстави плановите со кои доколку го добие  градоначалничкиот манда ќе придонесе за поголема енергетска ефикасност во општината.

Тоа, најави, ќе се постигне поставување енергетски ефикасни фасади  и замена на старите и дотраени прозрци со нови  во сите училишта и градинки во општина Центар.

– Со поставувањето на овие енергетски фасади, сметката за струја ќе се намали меѓу 25 и 30 проценти, што навистина е повеќе од потребно во овој период кога сите се соочуваме со драстично намалување на нашиот буџет, изјави Жерновски.

Со проектот, како што најави, ќе бидат опфатени над 60 станбени колективни згради.

Според Жерновски, општина Центар како најурбана општина треба да биде предводник во примената современата енергетска ефикасност.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември