Жерновски учествува на презентацијата на Универзалниот периодичен преглед на Советот за човекови права на ОН

Од:

Делегација од Република Македонија, предводена од Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, од денеска до петок учествува на Презентацијата на Третиот извештај за Република Македонија по Универзалниот периодичен преглед на Советот за човекови права на Обединетите Нации што се оддржува во Женева, Швајцарија, соопштуваат од Министерството.

Оттаму објаснуваат дека Универзалниот периодичен извештај претставува механизам за преглед на исполнување на обврските и преземањата во областа на човековите права на секоја земја членка на Обединетите нации. Процедурата предвидува преку интерактивен дијалог да се разгледуваат поднесените извештаи пред Советот за човекови права.

– Со оглед на фактот дека Универзалниот периодичен преглед претставува еден од најефикасните механизми на ОН за следење на состојбата со човековите права во земјите, се очекува на состанокот да биде констатиран постигнатиот напредок, како и да бидат идентификувани областите во кои е потребен дополнителен ангажман за подобрување на состојбите, се вели во соопштението.

Во делегацијата што ја предводи Жерновски, од МНР информираат дека се вклучени претставници од Владата на Република Македонија, експертски тимови од областа на човековите права од ресорните министерства и претставници од релевантни агенции и други институции.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани