(ВИДЕО) Жерновски: Тодоровиќ нека биде на Пустец, а јас ќе бидам градоначалник на Центар

Од:

Андреј Жерновски, кандидатот за градоначалник на Центар, вети победа во првиот круг. Од недела, и порача на власта, треба да почнат да се пакуваат.

„Ваква црна кампања, како против мене, немало. Центар се претвори во главна битка на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е затоа што се плашат од ревизијата која ќе ја направиме за Скопје 2014. Мора да се знае каде и како се потрошени парите. Се обидоа куќата на дедо ми, која е стара 70 години, да ја претворат во станови кои наводно сум ги заработил. Ние не сме како нив, и затоа урбаната мафија по 24.март, треба да си бара друга општина. Се ќе дадат освен Центар. Велат ако треба и крв ќе падне за Центар, ама нема да го дадат. Но крв нема да падне, во недела ќе паднат Груевски, Тодоровиќ и ДПМНЕ. Тодоровиќ на ниту еден лажен леток не се потпишал, но ќе одат на суд за клеветите и лагите. И уредникот на Сител ќе оди на суд“, рече Жерновски.

Нивен најголем проект, рече е уфрлање жители од Мала Преспа во Центар. Затоа ги повика граѓаните масовно да излезат на избори.

„Тодоровиќ нека биде градоначалник на Пустец а јас ќе бидам на Центар“, порача од митингот Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија