Жерновски се сретна со претставници од Зелената партија на Австрија

Од:

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, денеска се сретна со претставници од Зелената партија на Република Австрија.

За време на средбата беше поздравена одличната билатерална соработка меѓу двете земји од аспект на интензивниот политички дијалог и засилената парламентарна соработката со реализирање на тековни проекти.

Заменик министерот Жерновски стави акцент на силната и конструктивна поддршка на Австрија за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија и ја истакна важноста на австриската поддршка пред јунскиот Самит на ЕУ.

Воедно, информираше за внатрешно-политичките состојби во Северна Македонија, за претседателските избори, како и за амбициозната агенда на Владата во поглед на исполнувањето на реформите во судството, борбата против корупцијата, медиумите и разузнавачките служби.

Претставниците од Зелената партија се осврнаа на билатералните односи меѓу двете земји, кои се развиваат со силен интензитет во повеќе општествени сфери на делување. Изразија поддршка на надворешно – политичките приоритети на Република Северна Македонија, посебно во делот за добивање одлука за почеток на преговори на претстојниот Самит на ЕУ.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија