(ВИДЕО) Жерновски: Командантот на УЧК „големиот“ Груевски го стави за министер за одбрана

Од:

Денешната слика од спортската сала во Куманово покажува дека не само што битката не завршува туку започнува, со овие зборови лидерот на ЛДП Андреј Жерновски се обрати во Куманово на политичката конценција на Сојузот за иднината.

Готов е Груевски тој човек мора да замине или ќе победат тие или ќе бобеди Македонија. Не смееме да дозволиме да живееме во режим и диктатура рече Жерновски, укажа дека секој премиер кој ќе се дрзне да брка пратеници и новинари всушност повикува на предвремени парламентарни избори.

Овој човек што се претставува како голем патриот, видете го колку е немоќен пред Али Ахмети, не само што не го смени човекот кој се поклони пред УЧК туку го постави и за вицепремиер, а оној кој молчеше и е командант на УЧК е првиот човек на АРМ. Таков премиер не ни треба. Не можат да не купат овој образ нема цена. Не смееме да ги затвориме вратите пред оние кои што сакаат да заминат, напротив треба да ги оставиме отворени за тие луѓе, нека си оди лажната опозиција која ја создава Груевски. Лично сум убеден во конечна победа во оваа битка.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови