Жерновски ќе учествува на Бледскиот стратешки форум

Од:

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска и утре ќе учествува на традиционалниот 13. по ред „Бледски стратешки форум 2018”.

Како што соопшти МНР, Бледскиот стратешки форум 2018, кој во својот концепт вклучува не само политичка, туку и општествена компонента, оваа година се очекува да биде досега најголем, со 24 различни панели, на кој ќе присуствуваат околу илјада учесници – државници, политичари, професори, бизнисмени.

Заменик-министерот Жерновски ќе има свое обраќање на панелот „Западен Балкан: Изгубени години или нова надеж?“.

Жерновски се очекува да оствари и билатерални средби со повеќе претставници и учесници на Форумот, во функција на информирање на соговорниците за претстојниот рефрендум, како и дека Република Македонија е суштински посветена на реформскиот процес со цел да стане 30-та земја членка на НАТО Алијансата, се додава во соопштението на МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија