Жерновски: Ова не е најдобрата, туку единствената коалиција за доброто на Македонија

Од:

„Ова се победнички избори. Ова се избори за дефинитивен пораз на Никола Груевски“, рече вечерва на митингот на „Сојузот за иднината“, лидерот на ЛДП и кандидат за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.

Посочи дека Македонија е во редот на најистомашните земји во Европа, секој трет Македонец е сиромашен, по невработени млади сме први во Европа.

„Не се размислува веќе како месецот и неделата да се преживее, туку како да се преживее денот. Груевски се фали дека за 550 денари ги зголемил пензиите, а не кажува дека за време на неговото владеење двојно е намалена куповната моќ. Во која земја се тепаат пратеници, во која демократија се исфрлаат новинари? Во која демократија нема дуели? Два дена го повикувам мојот против кандидат Тодоровиќ на дуел, а тој чека што ќе му каже Груевски. Бегаат од дуели зошто треба да кажат каде отидоа парите од граѓаните. Рекоа дека проектот Скопје 2014 ќе чини 80 милиони евра, досега чини 500 милиони евра, а се очекува да достигне до 1 милион евра. Затоа на изборите ќе ги стигне казната“, рече Жерновски.

Овој натпревар рече, ќе има две полувремиња, првото-локалните избори, и второто полувреме-предвременеите парламентарни избори, кога Груевски ќе доживее катастрофален пораз.

„Оваа колаиција не залични интереси, туку искрено ја направивме, за да ги казниме погубните политики на власта. Ова не е најдобрата, туку единствената коалиција за доброто на Македонија“, рече во Гевгелија Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември