(ВИДЕО) Жерновски: И покрај Пустец, Голо Брдо, Мала Преспа, Центар вечер победи

Од:

Андреј Жерновски, кандидатот на коалицијата „Сојуз за иднината“ вечерва објави победа во вториот круг од локалните избори во скопската општина Центар.

– И покрај Пустец, Голо Брдо, Мала Преспа, Центар вечер победи. Не победив јас и коалицијата, туку граѓаните на општина Центар, нивната гордост, чест, решителност и непоткупливост. Со победата на Центар почнува пролетта во Македонија, изјави Жерновски.

Шефот на изборниот штаб Игор Ивановски и на оваа, како и на првата прес-конференција повтори дека вториот круг избори биле кулминација на нерегуларности и презентираше видео материјал за да потврди, како што рече, дека имало фантомски гласачи дојдени од други градови и од соседна Албанија на гласачки места во општина Центар.

Свои сведоштва за гласачи кои не се жители на Скопје и на Македонија кажаа Радмила Шекеринска и Гордан Георгиев. Според нив, еден час пред затворањето на гласачките места, биле носени гласачи кои не знаеле ни зошто доаѓаат, ни каде се родени, ни каде е нивната адреса.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември