Жерновски градоначалник на Центар

Од:

Државаната изборна комисија ги одби како неосновани сите 66 приговори на ВМРО-ДПМНЕ, поднесени за сите избирачки места во општина Центар.

Со ова останува победата на Андреј Жерновски на локалните избори.

Сите приговори на ВМРО-ДПМНЕ беа речиси идентични и се однесуваа, како што стоеше, повреда на тајноста на гласањето. ВМРО-ДПМНЕ приговараше бидејќи набљудувачи на СДСМ прашувале некои гласачи од каде се, дали го знаат македонскиот јазик, зошто нивни набљудувачи не повикале полиција, зошто полицаец не бил униформиран.  Во записниците за избирачките места каде имаше приговори, немаше ниту една забелешка.

Против некои од приговорите гласаа и членови на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, а гласаа и воздржано.

Виновници беа  и дел од медиумите кои ги сликаа жителите на Пустец, Корча, Мала Преспа од Република Албанија, кои со новоиздадени лични карти од МВР гласаа во општина Центар, а беа обезбедувани од полицијата за да дојдат до гласачките места.

Сега, доколку е незадоволна од решенијата  на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ има право на жалби до Управниот суд, чии  одлуки се конечни.

Во ДИК ќе продолжи расправа по приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за Струга.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија