Жерновски: Чекајќи ги бомбите на Заев, власта сама се бомбардира

Од:

Подготвени сме да одиме до крај, никакви притисоци нема да не поколебаат во финалната цел, а тоа е Груевски да си замине за доброто на Македонија, порача на трибината во Крива Паланка, лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски.

„Бомбата ќе биде во народот кој ќе ја испрати пораката дека власта ќе си замине, му верувам на Зоран Заев, а и власта ќе почне да му верува. Знаат што правеле и сакаат да ги сокријат аргументите, затоа секогаш кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт се случува меѓуетничка криза“, рече Жерновски.

Порача дека нема ништо во пишувањата и спиновите од ВМРО-ДПМНЕ, дека опозицијата е разединета. Како никогаш до сега ние сме сплотени, вакви моменти бараат храброст.

palan (1)

„Чекајќи ги бомбите на Заев почнаа сами да се бомбардираат, едната бомба им дојде од Индија. Субрата Рој до вчера нивниот пријател кој требаше да донесе 20 илјади крави и да вработи шест илјади луѓе сега велат не го познаваат. Втората бомба е од Вашингтон, уште не дојден новиот амбасадор го нападнаа бидејќи ни кажа какава ни е состојбата, CNN објави дека нашле земја каде има 30% невработеност. На полето на медиумите ние сме заедно со Уганда, Судан и Боливија“, рече Жерновски.

Посочи дека ова што се случува во Македонија е режим, секојдневно дознаваме за нови казни за да се наполни буџетот.

„Најновата казна е ако не сте казнети последните две недели ви следува нова казна“, рече Жерновски на трибината во Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?