Жените од ВМРО-ДПМНЕ Струмица донираа перики за Здружението „Борка“

Од:

Наместо осмомартовска прослава, членките на ОК на Унија на жени од ВМРО-ДПМНЕ Струмица, донираа перики за членките на Здружението „Борка“.

Според претседателката Ели Панова, ова е мал гест на внимание за болните од рак, кои поминуваат тешка фаза во животот.

– Во оваа акција учестуваа голем број жени, а не само наши членки. Сакам да им се заблагодарам на сите кои дадоа свој придонес за реализација на оваа акција, која е особно важна за оваа категорија жени. Сакаме да им порачаме на сите дека хуманоста треба да биде дел од нашето секојдневие, затоа што секое нешто кое со малку љубов и внимание го правиме ја создава вистинската среќа, рече Панова.

Раководителката на Здружението „Борка“ од Струмица, Кети Филчева изрази голема благодарност за донацијата, нагласувајќи дека помошта ќе биде од корист за жените болни од рак.

– Благодарност на жените од ВМРО-ДПМНЕ што се откажаа од прославата на 8 март и собраа средства да ги купат овие седум перики. Особено ни е важно што оваа донација е наменета за жени и доаѓа од жени. Ние, како „Борка“ освен со едукација и превенција, имаме и кампања за донирање бесплатни перики на жени кои минуваат фаза на хемотерапија, а социјалната положба не им дозволува да купат сами. Тргнувајќи од фактот колку косата и значи на жената, ваквите донации ни овозможуваат да им помогнеме на поголем број дами, рече Филчева.

Таа нагласи дека жените оперирани од рак на дојка, од годинава може да земаат бесплатна протеза покриена од ФЗОМ, еднаш годишно, а не како што било случај досега еднаш на две години.

– Имаме одлична соработка со Алијансата и со Фондот за здравствено осигурување. За користење протези жените треба да земат потрвда од матичен лекар и да одат во специјализирана продавница каде што може да ја набават, рече Филчева.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања