Жената врз која падна дрво во Скопје не е во животозагрозувачка состојба

Од:

Жената на околу педесетина години врз која попладнево падна дрво кај „Европски универзитет“, не е во животозагрозувачка состојба, потврди за МИА, доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје.

– Наша екипа со помош на пожарникари ја извлекле. Таа немала надворешни видливи повреди. Се пожалила на болки во кичма и по телото, по што е однесена на опсервација на клиника. Треба да се направат снимки за да се види дали има некаква фрактура, појасни тој.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека од силниот ветер, попладнево има паднати дрвја на неколку локации низ главниот град на државава.

Синоптичарите за остатокот од денот најавија пороен дожд, грмежи, град и силен ветер над 70 километри на час.

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост