Жена се фрли од зграда во Охрид

Од:

61-годишната Олга Мелова утрово околу 10 часот се фрли од 4 кат од зграда на булеварот Туристичка во строгиот центар на Охрид. Беживотното тело повеќе од два часа лежеше пред влезот на зградата, а околу имаше и траги од крв.

Додека траеше распитот не се дозволуваше никаков приод до местото на несреќата, а полицијата според кажувањата на станарите вршела легитимирање на луѓето кои живееле во зградата. Екипи на полицијата и јавен обвинител вршеа увид на лице место, како и разговор со семејството на сега починатата. Луѓето со кои разговаравме ни рекоа дека не слушнале ништо.

„Слушнавте ли за самоубиството утринава? Не , не слушнав.Можеби не знам. Видовте? Кај да видам, што да видам“ рече еден граѓанин.

„Ништо немам слушнато извинете“, рече друг граѓанин.

„Не слушнав ништо навистина. Ме престрашивте навистина. Бев на пазар и се враќам од таму немам слушнато“, изјави еднна жителка.

Соседите велат дека двете сестри биле мирни и повлечени жени и оти не комуницирале со соседите, и оти сега веќе починатата често престојувала во Охрид. Во полиција настанот го пријавил случаен минувач околу 11.00 часот. Според информации на А1, Олга била од Демир Капија.

Во Охрид била на гости кај сопствената сестра која во моментов на несреќата не била во станот. Од полицијата рекоа дека иако се уште се работи на утврдување на мотивите, според првичните информации најверојатно станува збор за класично самоубиство кое било извршено со фрлање од балконот на станот.

Дали врз телото на починатата Олга ќе се врши вештачење во судска медицина ќе зависи од дополнителната одлука Инаку во 2012 година до овој момент во Охрид се извршени вкупно 5 самоубиства. Во 2010 година нивниот број бил 3, а во 2011 година имало 4 самоубиства.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР