Жена и две деца заглавени на Водно во темница – ги спасувале со џип на армијата

Од:

Вечерва на бројот за итни случаи 112 во ЦУК е добиена порака дека на врвот на Водно кај жичницата, останале лица кои барале помош. Жена со две малолетни деца задоцниле на последното возење за денеска. Жичницата повеќе не работела и темницата веќе не им дозволувал да се движат безбедно, а немале и не знаеле друг начин за да се симнат надолу кон Средно Водно, повикале помош.

Од страна на Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш било стапено во контакт со одговорното лице од ЈСП Скопје и е добиена информација дека жичарата веќе е затворена и дека не може повторно да се активира.

„Дежурните од Секторот за операции и координација во ЦУК, биле во постајана комуникација со госпоѓата, со генералниот секретар на Црвениот Крст и со други можни субјекти коишто можат да помогнат при вакви ситуации. Согласно ситуацијата, а и можности за помош, по куса координација, била решена ситуацијата со задоцнетите посетители на врвот на Водно над Скопје“, велат од ЦУК.

Со службен џип на Армијата, којшто бил во околината, тие биле пронајдени и превезени до нивното возило на Средно Водно.

По 21.00 часот од страна на жената со двете деца е добиена информација во ЦУК дека истата безбедно е веќе во нејзиното возило со двете деца и дека возејќи се спушта надолу кон својот дом во градот.

Би можело да ве интересира

Пронајдено e лицето кое беше пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно

Горан Наумовски

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов