А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Жена го кршела автомобилот на Груби пред Собрание, тој вели дека не ги знае причините

by Кристијан Ландов14/12/2020 - 22:2414/12/2020 - 22:343116
Share0

Службеното возило со кое се превезувал првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби, било демолирано додека стоело паркирано на собранискиот паркинг. Од МВР велат дека тоа го направила 38-годишна жена. Груби за „А1он“ вели дека никој не бил повреден, а причините не ги знае. Неофицијално, жената го кршела предното стакло на автомобилот со камен. Од полицијата, веднаш откако се случил настанот ја привеле жената.

Добивај вести на вибер

„Денес околу 12,00 часот пред Собрание на РСМ од страна на В. Ј. (38 години) било скршено предното ветробранско стакло од ‘ПМВ Пасат’ сопственост на Влада на РСМ. Од страна на полициски службеници лицето е приведено во ПС Центар. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Вицепремиерот Груби вели дека кршењето на службениот автомобил се случувало додека тој бил на пленарна седница.

„Точно е. Возилото е искршено од страна на В.Ј. пред главниот влез на Собранието додека јас бев на пленарна седница за Законот за распределување на административците од К5 програмата. Ниту јас, ниту некој од мојата придружба не е повреден. Не ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот“, вели Груби за „А1он“.

artan grubigrubi

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: “Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби

Катерина Ѓуровски05/10/2025 - 09:3905/10/2025 - 11:46

ВЛЕН: ДУИ се командува со далечинско од бегалецот Артан Груби

Горан Наумовски03/03/2025 - 10:17

Мојсоска од Левица: Груби користел и обезбедување на државата кога избегал

Предраг Петровиќ11/02/2025 - 15:3011/02/2025 - 15:30

Стоиљковиќ објави слики од „демолираното“ БМВ оставено на сервис во времето на Груби

Катерина Ѓуровски27/01/2025 - 12:3727/01/2025 - 15:46

МВР истражува дали бегството на Груби било организирано

Горан Наумовски22/01/2025 - 13:39

Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат

Катерина Ѓуровски21/01/2025 - 12:0921/01/2025 - 12:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен