Жбогар: Одложувањето на пописот е логично за да нема политичко влијание

Од:

Евроамбасадорот Самуел Жбогар смета дека одложувањето на пописот поради одлуката за предвремени парламентарни избори е логично за да нема политичко влијание, но се надева дека тој ќе се одржи најдоцна до 2021 година, кога ваква статистичка операција ќе спроведат и други европски држави.

– Пописот мораше да се одложи поради одлуката на властите да се одржат предвремени избори. Одложувањето е логично во овие околности. Пописот е процес од кој имаат корист сите граѓани и треба тој да биде ослободен од политичко влијание. Разбравме дека техничките подготовки се одвиваат во најдобар ред и се надеваме дека ќе има и политичка волја за да се заврши оваа операција. Очекуваме да видиме како ќе се одвива пописот веднаш штом сите услови ќе бидат исполнети, а најдоцна до 2021 година кога и останатите европски држави ќе го организираат пописот, истакна денеска Жбогар во обраќањето по повод одбележувањето на Европскиот ден на статистиката.

Пописот, според Жбогар, ќе донесе нови податоци како најдобро да се креираат јавните полтики за населението како што се здравството, образованието и управувањето со отпад.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски