Жбогар и Тимоние во посета на Берово

Од:

Во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“, евроамбасадорот Самуел Жбогар и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска ќе ја посетат општина Берово каде ќе се сретнат со градоначалникот Драги Наџински.

За Берово ЕУ предвидува повеќе од 3 милиони евра за реконструкција и изградба на канализациската мрежа.

Кампањата „ЕУ за тебе“ почна на 27 јануари во Кичево, а нејзината цел е да ги информира граѓаните за помошта што ЕУ и ја нуди на земјава.

Евроамбасадорот Жбогар вчера во рамки на кампањата беше во посета на Гевгелија. Во врска со блокадата на граничниот премин Евзони од страна на грчките земјоделци тој изјави дека ЕУ и Брисел внимателно го следат проблемот и очекува дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за негово трајно решавање.

Тој за овој проблем при посетата на општина Гевгелија разговарал и со градоначалникот Иван Франгов, кој неодамна и преку писмо испрати барање за посредување и помош од ЕУ за деблокирање на границата, затоа што, како што посочил, огромни се штетите што ги трпат и двете страни, а посебно Македонија и Гевгелија.

Запрашан за политичката ситуација во земјата, евроамбасадорот само кратко одговори дека е оптимист, дека ќе се реши политичката криза во земјата и дека наскоро ќе се соберат потребните 61 потпис за формирање на влада во Македонија.

Би можело да ве интересира

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Пекевски: Дечињата кои прележаа салмонела се во добра состојба

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани

Малолетник со нож и се заканувал на поранешната девојка

Пекевски закажа средба на Управниот одбор во градинката „23 Август“ по информацијата за двата случаи на салмонела

Горан Наумовски