Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар во придружба на амабасадорот на Кралството Шпанија Рамон Абароа Каранса денеска ја посетија општина Тетово при што се сретнаа и разговараа со градоначалничката Теута Арифи. Според Арифи на средбата се разговарало и за актуелните политички состојби во земјата но и локалните прашања.
-ЕУ дава голема подршка на нашата општина преку голем број на прокети од разни компоненти и сметам дека е важно да се има подршката од овие уважени партнери со кои ги споделуваме европските вредности што пак имаат важност за сите граѓани на Тетово, изјави Арифи.
Амбасадорот на ЕУ Жбогар посочи дека е првпат во официјална посета на општина Тетово со цел како што рече да го почуствува вистинскиот пулс за проблемите со кои се соочуваат граѓаните и со кои се обраќаат кон општината.
-Како што спомна градоначалничката Арифи ние како ЕУ сме присутни тука но имам можност да најавам голем проект за следната година финасиран од ЕУ за почеток на изградба на пречистителна станица за отпадните води. Вредноста на прокетот е околу 30 милиони евра и е од голема важноста за жителите на регионот, рече Жбогар.
Во однос на политичките состојби амбасадорт Жбогар истакна дека заедно со шпанскиот амбасадор дошле во Тетово уште еднаш да покажат дека на ЕУ им е важен добробитот на граѓаните на државата, а првиот чекор што треба да се направи во тој правец е одржување на правични, демократски и веродостојни избори прво за вистинско нормализирање на состојбите во земјата, а потоа и за нормализирање на односита на Македонија со европската Унија.
– Имате многу пријатели во Унијата но нам ни треба вистински сигнал за да може земјата да се врати на патот кон ЕУ по што заеднички ќе ја постигнеме посакувана цел. Очекуваме фер кампања, очекуваме политичките партиии да ги претстават своите визии за иднината на државата и граѓаните. Се разбира дека ние како ЕУ ја гледаме иднината на вашата земја како членка на ЕУ и како дел од атлантската интеграција. Се разбира дека ние како ЕУ ќе се фокусираме на заложбите на политичките партии што ќе ги имаат за реализација на реформите и дали ќе бидат подготвени по изборите да испорачаат искрени и вистински реформи што произлегуваат од итните реформски приоритети што започнаа со спроведување пред една година. Ќе се фокусираме и на заложбите на политичките партии да одат напред и да ги направат вистинските реформи од кои што сето тоа произлегува, изјави Жбогар.