А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Жбогар: Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

by А1он16/02/2017 - 15:4220/02/2017 - 08:59101
Share0

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека е оптимист оти политичките лидери во Македонија ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Јас не се согласувам дека политичката ситуација во земјава е тешка и не треба да се драматизира. Во земјава имавме избори и нормално е да се даде повеќе време да можат политичките лидери да формираат влада. Јас сум оптимист дека политичките лидери ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада, за да можеме ние како ЕУ да продолжиме да работиме во реализирање на реформите кои се потребни во земјава, истакна Жбогар.

Во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“ денеска во Берово престојуваа евроамбасадорот Жбогар и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

ЕУ за Берово издвоила три милиони евра средства наменети за реконструкција и изградба на канализационата мрежа.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Овде сме да ја промовираме кампањата „ЕУ за тебе“ и попрецизно да покажеме што реализира ЕУ од проектите која сама ги финансира, помошта на ЕУ на вашата земја е многу конкретна и се гледа од реализацијата на овие проекти кои се во директна полза на граѓаните на вашата општина, а тоа се проекти кои се реализираат од граѓаните на ЕУ, односно од даночните обврзници на ЕУ. Целта ни е да ја видиме реализацијата на проектот за изградба и реконструкција на мрежата за канализација во должина од 25 км, што ќе биде дополнување на постоечкиот прокет „Прочисттелна станица на отпадните води“, како и реализацијата на четири други проекти со финансиска поддршка на ИПА- програмата. Ние како ЕУ со нетрпение ја очекуваме и изгрдабата на зелениот пазар во Берово и реконстркуцијата и на друга улица што се реализира со руралните грантови, рече Жбогар.

Тој додаде дека ЕУ е активна и ги поддржува проектите во земјите кандидати за изградба на инфраструктура со цел се исполнат стандардите.

Францускиот амбасадор Тимоние потенцираше дека намерата е да се продлабочи соработката со Франција и ЕУ.

– Имаме намера да ја продлабочиме соработката и ние сме заинтересирани да ја доближиме Европа до граѓаните. Ќе се обидеме во рамките на наште можности да го унпредуваме туризмот, а изградбата на инфраструктурата од ваков вид е од голема помош за жителите, рече Тимоние.

Градоначалникот Драги Наџински ги запозна гостите со проектите кои се реализараат со средства од ЕУ во Берово, потенцирајќи дека досега општината за реализација на разни проекти од областа на инфраструктурата добила поддршка од околу пет милиони евра од европските фондови.

vlada

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Горан Наумовски27/10/2026 - 16:17

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Горан Наумовски12/10/2026 - 09:27

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео