Жан Клод Мињон утре во посета на Македонија

Од:

Претседателот на Парламентарното Собрание (ПС) на Советот на Европа (СЕ), Жан Клод Мињон, од утре до 12 јуни ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана на претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски.

Собраниската служба за информирање соопшти дека утре Мињон ќе има средба со својот домаќин Вељаноски, а задутре ќе се обрати пред Собранието на Република Македонија, во рамки на 63. седница. Пред почетокот на седницата Мињон ќе се потпише во Книгата за впечатоци во Собранието.

Во тек на посетата претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа ќе има средби и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, шефот и членовите на Делегацијата на македонското Собрание во ПС на СЕ, координаторите на пратеничките групи во Собранието, како и вицепремиерите за спроведување на Рамковниот договор и за европски прашања, Муса Џафери и Фатмир Бесими.

Би можело да ве интересира

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Исландската опозиција ѝ порача на ЕУ: Не се мешајте во нашиот референдум

Европа останува без пари за Киев