Жан Аселборн утре во официјална посета на Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн утре доаѓа во официјална посета на Република Македонија, во рамки на која ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Развојот на севкупната билатерална соработка меѓу двете земји, надворешно-политичките приоритети на Република Македонија, како и актуелните внатрешни состојби со акцент на подготвителните активности за референдумот, ќе бидат тема на средбата меѓу Димитров и Аселборн, како и на пленарните разговори меѓу делегациите на двете земји, информираат од МНР.

Двајцата министри предвидено е да потпишат Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство на Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

Во рамки на посетата, министерот Аселборн ќе оствари средби со премиерот Зоран Заев и со заменик претседателот на Владата за европски прашања Бујар Османи.

Претходни работни посети, како што информираат од МНР, биле на Аселнборн на Република Македонија на на 4 октомври 2017 година и Димитров на Луксембург на 20 април 2018 година.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија